Судиите и јавните обвинители ќе бидат дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси, потврди Ивановска

Поготовката на Националната стратегија врз основа на анализата на ризици е во тек. Согласно утврдените ризици во анализата, правосудството е оценето како столб со висок ризик од коруптивни и други влијанија, па оттаму носителите на функции од овој столб (судиите и јавните обвинители) ќе бидат дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година.

Ова е одговорот од претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска на прашањето денеска од МИА за повикот што вчера од трибината „На прав пат“ во Скопје го упати премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев до ДКСК да отвори постапки за проверка на имотот на судиите и обвинителите, а УЈП, Катастарот, Централниот регистар, МВР и Финансиската полиција уште овој месец да почнат проверки на имотот на судии, обвинители и членови на нивните семејства.

Таа повтори дека ДКСК веќе има изградено став по тоа прашање и согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси усвојува Годишен план за наредна година, за следење на имотна состојба и судир на интереси, врз основа на извршена анализа и проценка на ризици од корупција во одредени области, што е и основа за изготување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e