Судењето за „Рекет“ продолжува на 25 декември

На жолти ливчиња пишувавме колку пари има, обична спецификација колку има од 50, колку има од 100, рече благајничката на Орка Холдинг и сите сметки на фамилијата Камчеви, Мирјана Бошковска.

Обвинетиот Бојан Јовановски ја праша како и колку пари однела кај Јордан Камчев, а откако таа кажа дека ги однела парите во две спортски торби.

Јовановски ја праша како е можно пари од две спортски торби да ги собере во една помала ташна, таа рече дека е можно, бидејќи денарите биле во спортските торби, а потоа еврата ги распределила за да не носи празна торба.

На прашање дали таа знаела за што се донесени парите, таа одговори не, а истиот одговор го даде и на прашањето на Јовановски дали свесно дозволила да ја снимаат, но судијката не дозволи повеќе прашања за снимките.

Судењето за „Рекет“ продолжува на 25 декември, кога сведоци ќе бидат Зоранчо Митровски, Томче Главчев и Сашо Бошков.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e