Стигна германскиот извештај за пожарот во болницата во Тетово – ова се деталите

По четири месеци чекање, пристигна извештајот од германските експерти, кои дадоао свое мислење како настанал пожарот во тетовската модуларна болница. За овој извештај, Обвинителството велеше дека е важен сегмент од истрагата, за да се дојде и до точните виновници за пожарот во кој 14 пациенти кои се лекуваа од коронавирус го загубија животот, објави „А1он“.

Ова значи дека предметот е се поблиску до јавнообвинителска одлука. Сега, извештајот ќе се доведе во корелација со останатите докази кои ги прибраа македонските истражители и тимови, а преку кои се констатираше дека спој на струја за време на реанимација на пациент е причината за избивање на пожарот.

Германското вештачење е побарано преку меѓународна правна помош, што би значело дека тоа ќе може да се употреби и во евентуална судска постапка. Досега, завршени се три вештачења. Првото е направено од Министерството за внатрешни работи, од кое се утврди дека спој на струја за време на реанимација на пациент прегреал продолжен кабел по што настанал пожарот. Второто е од Технолошкиот факултет, за кое нема детали до какви сознанија е дојдено и третото е направено од електроинженер околу инсталациите во болницата.

Во страотниот пожар кој ја пеплоса модуларната болница во Тетово, со себе однесе и 14 животи на пациенти кои се лекуваа од коронавирус, но и членови на семејствата кои биле внатре. 14 лица, беа спасени пред објектот целосно да изгоре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e