Стевановиќ: Се соочуваме со пациенти лекувани 8 недели, и по отстранување на маската за вентилација, во секунда да почине

Милена Стевановиќ, директорката на Инфективна клиника вечерва во „Кликплус“на Тв 21 објасни колку вирусот е непредвидлив, со примери каде што кај пациенти од стабилна ситуација, лекувани 8 недели, се влошува ситуација, и пациентот ја губи битката за кратко време.

„Се соочуваме со исклучително тешки пациенти при самиот прием, кога е тешко да се помогне и да се спаси пациентот. Но исто така има и пациенти кои се навреме примени, лекувани 8 недели на третман, и кога мислите сте ја завршиле работата, и кога сте мислеле дека е стабилно, се е во ред, во следните неколку часа ситуацијата се влошува и го губиме за секунда“, рече Стевановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e