Стефанова: Се врши примопредавањe на предметите на СЈО

Во моментот се одвива примопредавање на предметите од СЈО во Републичкото јавно обвинителство. Ова го изјави обвинителката Лиле Стефанова, пред денешното рочиште за случајот „Титаник“ кое се одложи.

Стефанова која беше една од оние кои дадоа исказ за Рекет, денеска рече дека не знае дали истите обвинители ќе ги застапуваат предметите.

Инаку, сите предмети на СЈО од денеска одат во Републичкото јавно обвинителство кај Љубомир Јовески. Специјалното јавно обвинителство уште вчера соопшти дека е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e