Средба на Спасовски и амбасадорот Баздникин за Договорот за преземање лица со незаконски престој

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше средба со амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Александрович Баздникин.

Како што соопшти МВР, на средбата се разговарало за унапредување на билатералната соработка помеѓу двете земји, како и за подготвеноста од руска страна за потпишување на Договор за преземање на лица со незаконски престој, што во иднина би претставувало законска рамка за борбата против илегалната миграција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e