Селмани за „360 степени“: Има 11 илјади неопределени гласачи Албанци, тие се револтирани, тешко ќе се одлучат да гласаат

Универзитетскиот професор Башким Селмани во дебата на „360 Степени“ зборуваше за очекувањата во однос на гласовите на Албанците на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во среда.

Зборувајќи за 6-та изборна единица, тој кажа дека според некои анализи има околу 11 илјади Албанци кои се неопределени и партиите целат кон нивните гласови.

„На овие гласови цели СДСМ. Верувам дека да имаше потивка реторика, СДСМ ќе добиеше повеќе гласови. Но, од моментот кога даде сигнали дека може да соработува со ВМРО, направи голема грешка која е неприфатлива за никого, бидејќи ние тука сме сите заедно, и гласот е важен и свето нешто“, вели Селмани.
Тој рече дека би сакал ДУИ да оди во опозиција, но и дека албанската опозиција не успеала да го убеди зошто треба да гласа за неа запрашувајќи што понудила и што би решила.

„Кај 6-та изборна единица е поспецифично бидејќи овие 11 илјади гласови секој ќе посегне да ги земе. Но, овие 11 илјади гласа што некој ги сака, што нуди за Тетово? 40% од Тетово е без канализација, без урбани патишта“, вели Селмани, споредувајќи го со милионскиот проект Скопје 2014.
Селмани вели дека 60% од албанските општини се без канализација, дека ДУИ имаше министер за правда а затворите се полни со Албанци. Селмани рече дека СДСМ придонела кон стабилизација на државата, но дека ги разочарала граѓаните бидејќи не ја испорачала ветената правда поради која добила гласови во 2016 година.

„Граѓаните се револтирани и очекувам овие 11 илјади гласачи, дел нема да се определат за никоја партија“, вели Селмани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e