Сè повеќе увоз, сè помалку домашно млеко – алармираат македонските сточари

Националната земјоделска мрежа реагира дека македонското млекопроизводство во последната деценија бележи сериозен пад и се наоѓа пред колапс.
Според податоците, производството на сурово млеко е намалено од околу 360–390 милиони литри во 2015 година на околу 220 милиони литри денес. Во истиот период значително се намалил и сточниот фонд – бројот на млечни крави е преполовен, а овчарството исто така бележи голем пад.
Од организацијата посочуваат дека зголемените трошоци за сточна храна, енергенси и лекови дополнително ја прават фармерската дејност нерентабилна, и покрај повисоките откупни цени.
Во меѓувреме, увозот на млечни производи е зголемен од околу 40 милиони евра во 2015 година на над 100 милиони евра денес, што, како што велат, ја зголемува зависноста од странски пазар.
Бараат итни мерки од државата, вклучително зголемени субвенции, редовна исплата, построга контрола на увозот и посебна поддршка за овчарството, за да се спречи понатамошно уривање на секторот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e