СДСМ: Задолжувањата се за да се помогне економијата и да се надмине кризата со коронавирусот

ВМРО-ДПМНЕ е партијата симбол на расипништво и криминално трошење на парите на граѓаните, партија која заради криминални интереси тројно го зголеми јавниот долг финансирајќи непродуктивни трошоци за богатење на поединци, одговорија од СДСМ на обвинувањата за јавниот долг.

Денес, ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ нејверојатно е единствениот политички субјект што не знае дека во светот со месеци се случуваат здравствена и економска криза поради коронавирусот, велат од СДСМ во најновото соопштение.

Како и сите други држави погодени од кризата така и Северна Македонија мораше да обезбеди капитал однадвор за полесно справување со последиците од кризата, за да се обезбеди ликвидност во време на светска пандемија и за да се направи фискален простор за дејствување и преземање на антикризни мерки.

Лицемерието и несериозноста на ВМРО-ДПМНЕ се дотолку поголеми ако се знае, дека и еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монтерен фонд се земени со потпис од дополнителната заменичка министерка за финансии, Гордана Димитриоска Кочоска кадар токму на ВМРО-ДПМНЕ, а намената на овие средства е строго утврдена.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија нема ниту желба ниту волја да се реформира. Последен доказ за тоа е денешниот настап на Анастасија Илиеска, една од многу партиски функционерки на ВМРО-ДПМНЕ која е симбол на непотизам. Со таквиот потценувачки однос кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ уште долго останува во опозиција. – порачаа од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e