СДСМ: Оваа влада е првата досега која вистински се ангажира за изградба на нов Клинички центар

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа основно непознавање на позитивните законски прописи во Република Северна Македонија, велат од СДСМ во врска со денешната прес-конференција на Игор Николов кој кажа дека тендерот за новиот клинички центар во вредност од половина милијарда евра е најголемата кражба од независноста на земјава.

Меѓутоа од партијата на власт истакнуваат дека за изградбата на нов Универзитетски Клинички центар не е распишан тендер, туку постапка со Конкурентен дијалог, согласно Законот за јавните набавки.

Од таму порачуваат оти конкурентниот дијалог се води јавно и транспарентно преку Електронскиот систем за јавни набавки, каде е достапна комплетната документација.

„Со свое мислење се произнесе и Државната комисија за жалби по јавни набавки која е независна и самостојна во својата работа. Постапувајќи по службена должност даде свои коментари и насоки за постапување. По истите е веднаш постапено и документацијата е повторно објавена и повторно отворена за прашања“, се наведува во реакцијата на СДСМ од каде нагласуваат дека оваа влада е прва која вистински е ангажирана и посветена за граѓаните да имаат нов Клинички центар, стои во соопштението за јавност од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e