СДСМ: Дoговорот со Бугарија затвори децениско прашање и го отвори патот кон НАТО и ЕУ

Пред три години, Владата предводена од СДСМ водејќи се од државните и национални интереси, покажа храброст и решителност во решавањето на отворените прашања со соседите, порачуваат од СДСМ.

На денешен ден пред три години се потпиша Договорот за присталество, добрососедство и соработка со Република Бугарија, Договор кој затвори повеќедецениско прашање меѓу двете држави.

Токму Договорот со Бугарија, а подоцна и Договорот од Преспа ни донесоа членство во НАТО, отворен процес за преговори за членство во ЕУ, но и копретседавање на Берлинскиот процес годинава со што за прв пат земја која не е членка на ЕУ, зазема лидерска позиција во оваа регионална програма на ЕУ за Западен Балкан.

Договорот со Бугарија денес е инспирација за соработка и добрососедство во регионот но и пошироко, а на македонскиот наорд и на сите граѓани во Република Северна Македонија им донесе сигурна, стабилна и безбедна иднина во НАТО и ЕУ.

Денес и со Бугарија и со сите останати соседи имаме одлични добрососедски односи и искрени и посветени поддржувачи на евроатлатнскиот пат.

Со постигнатиот договор, создадовме модел со кој го поставивме споделеното минато како темел за подобра иднина и подобар живот на нашите граѓани.- велат од СДСм преку соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e