СДММ организира солидарни акции за Скопје

Покрај хуманитарната помош и активностите што СДСМ ги превзема преку своите општински организации за граѓаните од настраданите региони и Социјалдемократската Младина на Македонија викендов, низ повеќе градови низ државата ќе организира акции на коишто ќе бидат собирани донации.

Најпотребна е конзервирана храна (паштети, месен нарезок, конзерви риба, грашок) и слична храна која има подолг рок на траење како и вода и средства за хигиена (сапуни, шампони, пелени) средства за чистење и дезинфекција.

Младите активисти на СДММ од Скопје во меѓувреме продолжуваат со теренска помош и работа во поплавените региони.

Ги повикуваме сите граѓани да се вклучат во хуманитарните акции за собирање донации за граѓаните од настраданите подрачја.

Пунктовите за собирање на донациите ќе бидат поставени во следниве градови:

Берово – пред Народна техника од 12 до 18 часот (сабота и недела)
Свети Николе -Градски парк Александар Серафимов од 17 до 21 часот (сабота и недела)
Пробиштип – пред Маркет Кит-Го од 11 до 15 часот (сабота и недела)
Делчево – фонтана кај градски парк од 12 до 14 часот (сабота и недела)
Пехчево – пред Маркет Кит-Го од 11 до 14 часот (сабота и недела)
Зрновци – пред Маркет Кит Го од 10 до 12 часот (сабота и недела)
Радовиш – пред црква Св. Спасо Радовишки од 12 до 15 часот (сабота и недела)
Карбинци – пред самопослугата во Таринци од 07-21 часот (недела)
Македонска Каменица – пред Маркет Кит Го од 11 до 14 часот (сабота и недела)
Штип – плоштад Слобода од 17 до 20 часот (сабота)
Струга – пред Хотел Београд од 11 до 14 часот (сабота и недела)
Гостивар – пред Маркет Монтенегро Центар од 11 до 14 часот (сабота и недела)
Прилеп – Плоштад Македонија Андонов Ченто од 11 до 14 часот (сабота и недела)
Кавадарци – пред Комерцијална банка од 11 до 14 часот (сабота и недела)
Велес – спроти Стоковна куќа НАМА од 11 до 14 часот (сабота и недела)
Кривогаштани – пред Општинската организација на СДСМ од 11 до 14 часот (сабота и недела)
Крушево – пред градски пазар од 11 до 14 часот (сабота и недела)
Куманово – на плоштад од 11 до 14 часот (сабота и недела)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e