Распишани тендери за вкупно 27 улици ширум земјава

Сакам да објавам убава вест за граѓаните, а таа е дека Светска банка ни го одобри првиот тендер за реализација на проектот за изградба и санација на локални улици и патишта во општините вкупно вреден 70 милиони евра, објави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Деновиве распишуваме тендер за изгрaдба и санација на следниве улици во:
➡️Тетово – реконструкција на улица Гоце Делчев
➡️Тетово – реконструкција на улица Гоце Стојчевски
➡️Ѓорче Петров – реконструкција на улица Кузман Шапкарев
➡️Ѓорче Петров – реконструкција на улица Антон Кецкаров
➡️Врапчиште- изградба на локален пат до село Зубовце
➡️Каропш – реконструкција на улица Паришка
➡️Кисела Вода – реконструкција на улица Живко Фирфов
➡️Илинен – реконструкција на улица 532
➡️Кочани – рехабилитација на дел од улицата Теодосија Паунов
➡️Кратово –реконструкција на пристапниот дел од улицата до Здравствениот дом
➡️Берово –реконструкција на улица во село Двориште
➡️Радовиш- изградба на локален пат Прналија –Шупурѓе
➡️Демир Хисар – реконструкција на локален пат од Р -29371 до улицата Слоешница
➡️Македонски Брод- реконструкција на улица од река Треска до градските гробишта
➡️Прилеп – реконструкција на дел од улицата Мице Козар
➡️Кавадарци –реконструкција на улица Илинденска
➡️Кавадарци –реконструкција на улица Пионерска
➡️Кавадарци – реконструкција на улица Браѓа Џунови
➡️Неготино- реконструкција на улица Антигона до Димче Мирчев
➡️Неготино-реконструкција на улица Едвард Кардељ
➡️Богданци-реконструкција на улица Мирче Ѓочков
➡️Богданци-реконструкција на улица Мирка Гинова
➡️Богданци-реконструкција на улица Кочо Рацин
➡️Богданци-реконструкција на улица Ѓуров дол
➡️Богданци-реконструкција на улица Браќа Миладиновци
➡️Богданци-реконструкција на улица 10 Октомври
➡️Конче-реконструкција на локален пат Долно Липовиќ-Горно Липовиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e