Прентовиќ: Искористеноста на ИПАРД помошта достигнува 50 отсто, за време на минатата власт беше само 20 отсто

Искористеноста на европската помош во земјоделството и руралниот развој е врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ а резултатот го потврдува тоа, порача денес на прес конференција, Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисија за земјоделие и рурален развој напартијата.

Таа нагласи дека ИПАРД програмата во периодот на владеење на минатата власт бележела рекордно низок процент на неискористеност од околу 20% односно само 12 милиони евра.

„Само со еден јавен повик сега, се исплаќаат близу 20 милиони евра, а во процес на потпишување се дополнителни 800 договори за финансиска поддршка со што искористеноста на програмата ќе достигне над 50% од вкупниот расположлив буџет. Со мерките од ИПАРД 2 програмата им овозможивме на земјоделците да ја обноват застарената механизација, и за првиот јавeн повик се склчија 665 договори за набавка на трактори во вредност од над 5,4 милиони евра. Во овие две години е постигнат значаен напредок во искористеноста на мерките од ИПАРД 2 Програмата. На првиот повик од ИПАРД 2, (2014 – 2020) кој се објави во 2017 година се склучија 947 договори, со кои се побаруваат 22 милиони евра. Исто така на 540 апликанти веќе им се исплатени над 7,3 милиони евра за инвестициите кои ги реализирале“ – рече Прентовиќ.

На прес конференцијата беше потсетенио  дека од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој објавен е јавен повик за мерката 7 – Диверзификација на фарми и развој на мали бизнис од ИПАРД 2 програмата кој ќе биде отворен до 18-ти ноември.

„Го поттикнуваме рамномерниот рурален развој преку директно обезбедување на средства за земјоделците, преработувачите, занаетчиите, трговците, угостителите и други физички и правни лица чии инвестиции се насочени во руралните средини.“ – рече Прентовиќ порачувајки дека партијата продолжува со спроведување на мерки кои обезбедуваат подобар живот за сите, повеќе пари за секое семејство и развој на најважните гранки во општеството меѓу кои и земјоделството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e