Повеќе од 20 часа се трага по момчето во Преспанското езеро

Потрагата по момчето во Преспанското езеро трае повеќе од 20 часа, откако вчера во 18 часот случајот бил пријавен во полиција. Водите на Преспанското езеро го пребаруваат нуркачи, а попладнево се приклучи и специјална единица на МВР.

Ниту едно од момчињата не било пливач, а не носеле ниту заштитни елеци, велат нуркачите кои го пребаруваат Преспанското езеро откако вчера исчезна 16-годишно момче, јавува Телма.

Малолетникот бил со уште двајца другари со кои изнајмиле педалинка и со неа се оддалечиле на околу 400 метри од брегот на Преспанското езеро. Засега, сè уште е нејасно што точно се случило и како момчето паднало во езерото.

Според сопственикот на педалинките во Претор, Ведат Адемовски, педалинката била исправна и не се превртела, туку тој вели дека момчињата скокале од неа во водата.

„Децата ја зедоа педалинката и скокаа од неа. Изјавено било дека педалинката се отпревртила, такво нешто нема. Тие скокале од таа педалинка и се случи трагедија. Многу ни е жал. Беа три деца, двајцата излегоа, а ова скокнало и не се вратило повеќе“ вели Адемовски за порталот СДК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e