На Тони Михајловски му се закануваат 5 години затвор!

Од Основното јавно обвинителство во Скопје информираа дека е поднесен обвинителен предлог против едно лице за закани упатени преку социјалната мрежа Фејсбук. Од таму неофицијално дознаваме дека обвинението е поднесено против актерот Тони Михајловски, за упатени закани до новинарот Бранко Тричковски.

Михајловски се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.4 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот“, информираа од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e