Пендаровски: Владеењето на правото како услов за членство во ЕУ

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, изјави дека мора да имаме правен исход за „Рекет“ и сите останати случаи кои потекнуваат од снимките, бидејќи тоа е потребен услов за членство во Европската унија.

– Мораме да го завршиме тој случај до крај, како што мораме да ги завршиме до крај и сите случаи кои исто ги споменав во обраќањето, а кои се индицирани во т.н. снимки. Не само заради тоа што треба, а треба за приклучување кон ЕУ и отворање преговори, туку заради нас – истакна Пендаровски одговарајќи на новинарски прашања на маргините на Регионалниот антикорупциски форум на СЕЛДИ во Скопје.

Тој нагласи дека со децении зборуваме дека треба да имаме правна држава, а ЕУ со децении и години наназад не предупредува дека немаме владеење на правото на нивото кое треба да го има земја кандидат и утре земја членка на Унијата.

– Ако дојдеме до половина пат, осудиме еден-двајца, а другите, да не кажам поголеми риби, ги оставиме на страна, не можеме да претендираме да бидеме дел од модерното европско семејство на народи и држави – потенцира Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e