Пендаровски очекува политичка пропаганда и лажни вести пред влезот во НАТО

Претседателот Стево Пендаровски смета дека во очи влезот во НАТО, можеме да бидеме предмет на кампањата на политичка пропаганда, или на „фејк њуз“.

– Дали во очи на влез на НАТО, наредниве неколку месеци можеме да бидеме предмет на кампањата на политичка пропаганда, на „фејк њуз“ и така натаму, мислам дека можеме да бидеме, како што бевме на пример на врвот со политичката кампања минатата година во септември за време на референдумот. Но, не очекувам дека ќе го достигнеме тоа ниво од септември 2018, истакна Пендаровски во денешната емисија „Детектор“ на Сител телевизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e