Пендаровски: Нема некоја голема разлика дали ќе се оди на предвремени или на редовни избори

„Не можам да бидам убеден дека на 12 април ќе има избори бидејќи тоа не зависи од мене“, вели шефот на државата, Стево Пендаровски во интервју за Детектор.

Претседателот потсетува дека тоа е одлука која што ја носи мнозинството во Собранието и дека само од него зависи дали и кога ќе се организираат изборите.

Според него, нема некоја голема разлика дали ќе се оди на предвремени или на редовни избори, бидејќи како што вели, не гледа што е тоа што може да се случи во тој меѓу-период.

„Јас го коментирав тоа и порано. Не е до мене, меѓутоа и така влегуваме скоро во изборна година, може да имаат партиски калкулации двете страни кои јас не ги гледам но не можам да видам што битно ќе се промени од април до есен или до декември кога е крајниот рок“ – вели Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e