Пендаровски ги прими претседателот и членовите на новоизбраната Влада

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитaр Ковачевски и членовите на Владата.

На средбата претседателот Пендаровски упати честитки за изборот на новата Влада и посака успешна работа на новиот владин состав предводен од премиерот Ковачевски.

Претседателот изрази очекување дека новоизбраните министри доследно ќе ја реализираат поставената програма за работа и одговорно и посветено ќе се фокусираат на исполнување на стратешките цели и задачи во внатрешната и надворешната политика на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e