Панчевски во бегство, полицијата не го пронашла во неговиот дом?

Mинистерството за внатрешни работи постапува по судска наредба за приведување на лицето В.П. и во моментот кога ќе бидат создадени услови, односно лоциран, истиот ќе биде приведен.

Во меѓувреме, Фокус објави дека поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, не може да биде лоциран, а полицијата трага по него, откако вчера велешкиот суд му одреди мерка притвор, бидејќи не се појавувал на рочиштата за случајот „АКМИС“, во кој Панчевски е обвинет.

Скопското обвинителство пред една година поднесе обвинителен предлог против Панчевски за злоупотреба на службената положба во врска со системот за управување со судските предмети во Кривичниот суд.

Судењето за овој предмет требаше да почна наесен, но досега овој судски процес се уште не е започнат со главна расправа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e