Прес конференција на СДСМ, Филип Тортевски, Комисија за земјоделство:
Земјоделството никогаш не било во полоша состојба како овие две години со ВМРО.
Мицкоски и неговата криминална организација ги излажаа и ги понижија земјоделците.
Ветуваа сигурен пласман, лажеа за повисоки приходи и повеќе пари кај земјоделците.
Денеска земјоделците се на раб на преживување, а особено малите, индивидуални производители.
Статистиката го потврди она што изминатиов период го зборува СДСМ.
Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2026 година откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители паднал за огромни 46,2 проценти во споредба со истиот период лани!
Преполовен откуп!
Ова е финансиски масакр врз грбот на чесниот македонски земјоделец.
Еве како изгледа економскиот пустош на ВМРО во бројки:
Во првите три месеци од минатата година, приходот на земјоделците по основ на откупени производи бил околу 67,7 милиони евра. Оваа година, во истиот период, заработката е намалена на околу 36,4 милиони евра.
Тоа значи дека земјоделците годинава имаат околу 31 милион евра помалку приходи од предадените производи во споредба со лани.
По сектори, целосен крах има кај откупот на поледелски производи, овоштарството и лозарството.
Бројките се поразителни.
Во првото тримесечје од 2026 година драматично се намалени количините на откупени производи во споредба со лани:
Откупот на домат паднал од 100 на 50 тони, на јаболка од 3.107 на 1.786 тони. Откупот на говеда паднал од 228 на 165 тони.
Овие бројки покажуваат колку е големата маката на земјоделците денеска.
Пропаднат труд, пот и загубени пари. Ова е системско уништување на македонското земјоделството.
На ВМРО и Тирпуновски не им се важни малите земјоделци, важни им се бизнис интересите со големите фирми. Затоа наместо повисоки субвенции и дополнителни мерки за земјоделците, ВМРО скрати од нив, за да им даде на големите фирми.
За две години успејаа да го урнисаат организираниот пласман во државата. Малите земјоделци, кои се столбот на македонската економија, ја изгубија својата главна врска со пазарот.
Доста е од лаги и грабеж од земјоделците. Бараме итна одговорност, оставка од Трипуновски и итни мерки за спас на македонското земјоделство пред да биде предоцна.
