Одземени над 1300 парчиња петарди и пиротехника

Тетовската полиција продолжува со откривање на лица кои нелегално продаваат петарди и пиротехника. Во текот на вчерашниот ден се најдени вкупно 1.300 парчиња петарди и други видови пиротехника.

-На улиците „Маршал Тито“ и „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово пронашле и од Ф.А(32) од тетовско Ларце одзеле 200 петарди. Од 54-годишниот тетовец Н.А. одзеле 600 огномети. Околу 12 часот на импровизирана тезга во близина на тетовскиот Зелен пазар пронајдени и одземени се околу 500 парчиња разновидни пиротехнички средства, најмногу петарди. По целосното документирање на случајот против нив ќе следуваат поднесоци, соопштија денеска од СВР Тетово.

На 20 декември беше откриено лице со над 1.000 парчиња петарди и пиротехника како ги продава околу зелен пазар. Иако постојано полицијата апелира на воздржување од продажба и употреба, во Тетово и понатаму не престануваат овие активности на граѓаните. Продавањето и активирањето на пиротехничките предмети и материјали се казнуваат со глоби, а продажбата сакционирана и со Кривичниот законик. Паричните казни се движат од 200 до 500 евра. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e