Николовски за коронавирусот: Не дозволивме лоши сценарија какви што гледавме низ Европа и светот

Граѓаните на 15 јули одлучуваат и за тоа кој ќе продолжи да се справува со коронавирусот. Кој ќе го штити јавното здравје, во есенскиот ризичен периот.

4

Денеска со претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче, со градоначалникот на Кочани, Николчо Илиев и кандидатката за пратеник Марија Ангелова, имавме средби со жителите на Кочани и разговаравме за здравствените предизвици што не очекуваат во наредниот период.

По четири месеци тешка битка со вирусот, Владата предводена од СДСМ, здравствениот систем предводен од Филипче одговорија зрело, навремено и ефикасно.

2

Го заштитивме здравствениот систем, ги подготвивме капацитетите и добро ја информиравме јавноста. Не дозволивме лоши сценарија какви што гледавме низ Европа и светот.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, наместо да дадат барем и најмал придонес, тие опструираа, ширеа лажни вести, манипулираа со граѓаните, не ги почитуваа препораките и беа директна опасност за ширње на вирусот. Неодговорно и незрело однесување.

3

Здравствениот систем и нашата држава во битката со коронавирусот можат да успеат со професионалци и експерти како нашиот Филипче.

Затоа, на 15 јули, да дадеме масовна поддршка за коалицијата Можеме, која носи сигурност и заштита на здравјето на граѓаните.

ФБ статус на Љупчо Николовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e