Николовски: Транспарентноста и отчетноста се основата на борбата против корупцијата и криминалот

Транспарентноста и отчетноста се основата на борбата против корупцијата и криминалот, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„Институциите мора да покажат ред, дисциплина бидејќи граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари.
На денешната конференција ‘Бизнис без корупција’ ги презентирав идните активности на Владата на РСМ за спречување корупција во државниот и во бизнис секторот. Само со сузбивање на корупцијата ќе го поттикнеме економскиот развој, кој денес е силно потиснат од глобалната пандемија“. посочи Николовски.

Николовски нагласи дека продолжуваат со активно спроведување на системските мерки на кои работеа целиот изминат период:
🚩 Интероперабилност меѓу антикоруцписките институции – безбедна и ефикасна размена на податоци за предмети поврзани со корупција
🚩 Електронски систем за инспекција ‘Е-инспектор’ – намалување на субјективното влијание на инспекторот за време на надзорите
🚩 Платформа за евидентирање на издадени лиценци и дозволи кои би биле интегрирани во тековната состојба на фирмите, заедно со Централниот регистар
🚩 Воведување нов повикувачки (кол) центар – преку кој правните и физичките лица ќе можат да пријават ненавремно постапување на надлежните институции по однос на нивните поднесени барања – напиша Николовски.

„Битката против корупцијата се темели на меѓусебна комуникација, координација и размена на информации. Заеднички, градиме функционален систем во интерес на сите граѓани“, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e