Николовски се сретна со инспекторите од ДСЗИ: Борбата е заедничка, само така може да ја надминеме оваа криза

Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски денеска оствари средба со инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

2

„Денеска имав чест да се запознаам и лично со инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и заедно со директорката на ДПИ, Ирина Сотирова Бухова да се запознаам одблиску со нивните активности во изминатиот период. Бев информиран дека во изминатиот месец, откако стапија на сила измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, ДЗСИ издал околу 40.000 решенија на лица позитивни од коронавирус, односно лица кои биле во контакт со заразени лица“, посочи Николовски по средбата.

1

Вицепремиерот уште еднаш потсети на задолжителното почитување на мерките и протоколите.

„ Апелирам да се почитуваат мерките и протоколите, повеќе од било кога. Борбата е заедничка, само така може да ја надминеме оваа криза. Да им помогнеме на здравствените работници и инспекторите, како и на сите чинители вклучени во битката со коронавирусот“, дециден е Николовски.

4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e