Николовски се сретна со францускиот амбасадор Бомгартнер: Соработката меѓу двете земји продолжува!

Вицепремиерот за борба против корупција, човечки ресурси и одржлив развој денеска ја оствари првата официјална средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. Сирил Бомгартнер.

129388336_2880716715483182_4574457222075078435_o
„Изразив голема благодарнот за сета помош и поддршка која Република Франција ја дава на нашата држава. Ги претставив задолженијата кои ги носи мојата функција како и досегашните активности и идни планови на мојот Кабинет“ – информира Николовски по средбата.

Вицепремиерот порача дека соработката со Франција ќе продолжи и во иднина.
„Соработката и поддршката во процесот на европските интеграции продолжува, пред се во делот на владеењето на правото и борбата против корупцијата“ – рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e