Николовски: Од земја за која постоеше опасност да и биде одземена лиценцата за ИПАРД, денеска сме лидери на ова поле

Од земја за која постоеше опасност да и биде одземена лиценцата за ИПАРД фондовите, заради малата искористеност на овие средства, денеска сме лидери на ова поле, порача денеска Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 кој го посети претпријатието за откуп и чување на земјоделски производи „Ником“, кое, како што рече, е позитивен пример за тоа колку средствата од ИПАРД програмата можат да помогнат во развојот на компанијата.

1 - Copy

-Но, развојот на оваа компанија, овозможува и развој на земјоделството на кое му се неопходни откупни центри во кои земјоделците ќе може да ги пласираат своите производи и тие организирано понатаму да се продаваат.
„Ником“ е модерен објект, со 59 вработени и со планови за натамошно проширување. Преку средства набавени од ИПАРД 2 програмата обезбедени се разладните уреди кои чинат 6,2 милиони денари. – рече Николовски.

3

Примарното земјоделство без доработките и разладните системи не може да ја оствари целта, бидејќи земјоделецот не само што се бори со пазарот, туку се бори и со времето. Преку разладување и складирање на земјоделските прозиводи, се продолжува нивниот рок на траење со цел да чека подобра цена и подобри услови на пазарот. На тој начин, земјодеските производи стануваат поконкурентни на домашниот и на странските пазари и им помагаат сите делови на агросекторот да ги достигнат стандардите на ЕУ. – појасни Николовски.

2

Затоа СДСМ и Коалицијата Можеме обезбедува изградба на откупни центри за земјоделски производи во Скопје, Ресен и Струмица со што ќе обезбедиме конкурентност и одржливост на македонското земјоделство. – заклучи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e