Николовски: Активностите на волонтерите се голема и важна поддршка за секое општество

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, човечки ресурси и одржлив развој Љупчо Николовски, по повод Меѓународниот ден на волонтерите, упати зборови на благодарност до сите волонтери кои се активираа за време на пандемијата.

„Глобалната пандемија предизвикана од вирусот КОВИД-19 покажа дека активностите на волонтерите се голема и важна поддршка за секое општество. На денешниот Меѓународен ден на волонтерите, оддаваме почит и благодарност на хуманата и посветена работа и нивната волонтерска солидарна мисија.“ – порача Николовски.
volonterstvo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e