Министерството за правда на вкупното рангирање според Индексот на активна транспарентност 2021 е оценето со 89,1 процент активна транспарентност и се наоѓа во групата институции со многу добра транспарентни, што претставува зголемување од 16,2 индексни поени во споредба со 2020 година кога беше оценето со 72,9 проценти.
Во истражувањето, како што информираат од Министерството за правда, се наведува дека министерствата и Владата просечно објавуваат 79 проценти од потребните информации, што е подобрување од минатата година, кога активната транспарентност на министерствата изнесуваше 77 проценти.
Годинава Министерството за правда е на 13-тото место и во групата институции со многу добра транспарентснот, додека во 2020 година беше на 29 место и во групата институции со добра транспарентност.
На прво место на листата е Министерството за одбрана со индекс од 100 проценти, а на последно е Општина Пласница со 10,1 процент активна транспарентност.
Овој извештај е подготвен од Центарот за граѓански комуникации со поддршка на УСАИД.