Македонски модел починал во Малта паѓајќи од карпа

Македонскиот модел и фитнес тренер, Александар Грујовски, кој се појавуваше и во спотот на Тамара, бил пронајден мртов на Малта, пишуваат странските медиуми, пренесува  Репортер.

Според првичните извештаи на полицијата, Александар паднал од височина, односно се лизнал од карпа кај заливот, додека се шетал со својата девојка.

„Полицијата и медицински тим беа повикани на местото на настанот, по што беше констатирана смрт. Телото беше на карпите, по што беше пренесено со хеликоптер. Полицијата работи на расчистување на настанот“, пренесоа странските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ