Кузеска: Мицкоски ја доведе ВМРО-ДПМНЕ до стечај и блокирани сметки, затоа граѓаните не му дозволуваат да ја води државата

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на партијата.Извршители тропнаа на вратата на ВМРО-ДПМНЕ и поради неплатени долгови направени за околу 270 уметнички слики во позлатени рамки со мотиви на поранешното раководство на партијата, набавени за потребите на белиот дворец. – порача денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Раководство кое го држеше народот во сиромаштија, за време на 11-годишниот режим. Токму тогаш, додека партијата на Мицкоски се богатеше, голем број граѓани се соочија со извршителите, тонеа во долгови додека ВМРО-ДПМНЕ расипнички ги трошеше парите од Буџетот. Сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Мицкоски не е способно да менаџира со средствата и да си ги плати долговите. – рече Кузеска.

Па како тогаш од граѓаните бараат доверба да располагаат со државниот Буџет, кога не можат да го менаџираат ниту сопствениот, партиски буџет. Ова почитувани е доказ за расипништвото и недомаќинското работење на своевремено најбогатата партија во Европа. Но покрај тоа, ВМРО-ДПМНЕ треба да даде одговор и на прашањето каде се парите? Дали и во чии џебови завршиле? Особено што политичките партии добиваат и буџетски средства, пари од државата како помош во работата. За ова очекуваме да дадат одговори и надлежните институции. Мицкоски успеа најбогатата партија во Европа да ја донесе во стечај, а сака да ја води државата. – посочи портпаролката.

Ете зошто граѓаните не им дозволуваат на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да управуваат со јавните финанси.

Граѓаните одамна се свесни за расипничкиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, затоа не им дозволуваат да ја водат државата, затоа три пати ги казнуваат на избори и затоа Мицкоски ќе остане во опозиција. – беше заклучено на прес-конференцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e