Кризниот штаб вечерва ќе решава за продолжување на распустот

Владата на денешната седница го продолжи работењето на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) за менаџирање со справувањето со последиците од пандемијата со КОВИД-19 со претставници на Владата и на институциите кои и до сега беа вклучени во неговата  работа.

Со работата на ГККШ ќе претседава претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

Согласно приоритетите на Владата како што се здравјето на граѓаните и квалитетот на образованието, на денешната седница е донесен заклучок за вечерва во 20:00 часот да се свика состанок на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) за менаџирање со справувањето со последиците од пандемијата со КОВИД-19 и во консултација со Комисијата за заразни болести, да се разгледа прашањето за почетокот на второто полугодие од наставата во основното и средното образование.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e