Како ќе се одвива наставата ќе се знае по 10. август

Конечната одлука за тоа какво модел ќе се примени за старт на школската година ќе се знае по 10-ти август.

Она што досега на јавноста и е познато дека одложување нема да има, па се очекува децата да седнат во училишните клупи на први септември.

Доктор Ангелчо Андоновски, директор на детската болница Козле кој е и воедно член на Комисијата за заразни болести вели дека се уште се дискутира за тоа каков модел ќе биде спроведен во училиштата.

„Дали наставата ќе се одвива со скратени часови или во некои од училиштата ќе се оди етапа по етапа сето тоа ќе биде прилагодено на моменти. Битно е да се сфати дека ние ќе мора да живееме со вирусот.Се уште сме во дискусии за тоа какво модел ќе се прифати во однос на носењето маски во училиште. Пред се потреба е една едукација почнувајќи од најмалите за нив најважно е да се одржува дистанцата. Првачињата во оваа ситуација ќе бидат изоставени, носењето маска за нив ќе биде додатна психолошка бариера. Додека кај децата над 10 годишна возраст маската ќе биде задолжителна“ за Сител објасни Андоновски.

Од Министерството за образование неодмана изјавија дека ќе има различни комбинации.

„Ако една паралелка има поголем број ученици, тогаш ќе биде поделена во две групи, а наставата ќе ја држи истата наставничка. Ако во некое одделение има деца со хронични болести, тогаш тие наставата ќе ја следат онлајн. Се разгледува можноста како да се реализира тоа. Другиот модел е комбиниран. Ова овозможува – во случај училиштата да немаат доволно простор, одделенијата да се поделат во две групи. Во тој случај наставата ќе биде комбинирана. Моделите нема да важат за целата држава. Ќе се дефинираат според општини и според стапката на заразеност од Ковид-19. Ова значи дека ако во една општина има мал број позитивни случаи на коронавирус и училишта со мал број ученици, тогаш наставата ќе се одржува во училиштата“, објасни заменик-министерката за образование, Елизабета Наумовска.

МОН вчера објави упатство и едукативни видеа за како училиштата треба да се чистат и дезинфицираат со цел тие да бидат спремни да ги примат учениците.

Во нив се препорачува, влезовите, училниците, предметите во објектот, а особено тоалетите да се чистат детално и да се дезинфицираат редовно, додека задолжениот персонал, пак, да носи соодветна заштитна опрема кога го прави тоа.

Покрај ова, секое училиште мора да формира тимови за реакција во случаи на итна ситуација, кои би биле составени од вработени кои ќе направат план за заштита за спасување и евакуација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e