Јовановски: Ќе учествувам во фер кривично правна постапка

Бојан Јовановски, осомничен во случајот „Рекет“, утрово пристигна во Апелациониот суд, за да ја образложи својата жалба со која бара укинување на мерката притвор.

Тој во своето образложение истакна дека е во животно загрозувачка состојба, како и дека кога бил приведен немал намера да бега од државата, туку дека заминувал на одмор со пријателите и дека живее за докажување на вистината.

„Мојата состојба е животно загрижувачка. И покрај волјата на затворскиот лекар да помогне, во затворот нема услови. Дури 81 ден немам соодветна лекарска помош. Операциите се по сопствена волја, но со лекарска грешка. Некаков нерв од желудникот ми е пресечен и затоа ми се враќа храната.

Исто така нема да бегам, ниту мојот ментален склоп укажува дека би се дал во бегство. Кога бев лишен во слобода не бегав, туку имав уплатен одмор во Грција. Живеам за докажување на вистината за овој случај и за докажување на мојата невиност. Ќе учествувам во фер кривично правна постапка“, рече Јовановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e