ИТНА ОСТАВКА ОД ЦВЕТАН ТРИПУНОВСКИ, бараат од ЛЕВИЦА

Случувањата во секторот земјоделие ја прелеа чашата на трпението. Министерот Цветан Трипуновски одамна нема авторитет ниту контрола што се случува во самото министерство и надлежните агенции, како и во состојбите на терен, реагираат од ЛЕВИЦА.
Министерувањето на Цветан го одбележаа скандалите со корупција и мито на високи функционери во министерството и платежната агенција, како и колабирање на секторот и зависност од увоз:
Васе Анакиев – директор на инспекторатот за земјоделие, фатен со мито;
Илија Стоилев – директор, Јасмина Костадинова и други лица вработени во платежната агенција, фатени со мито;
Стопирање на ИПАРД исплатите;
Немањето на пари за исплата на заостанати и тековни субвенции;
Неоткупениот тутун од ланската реколта;
Намалувањето на откупната цена на млекото од 33 на 25 денари и екстремниот пад на сточниот фонд;
Мизерните откупни цени на младиот компир и кромидот на почетокот на сезоната од 25 денари и на кромидот од 15 денари;
Непродадена оризова арпа и зимна зелка,
Најавата од винариите дека нема да откупуваат винско грозје вранец оваа сезона,
Проблемите со водоснабдувањето на лозовите насади;
Распределбата на државното земјоделско земјиште на олигархијата;
Жените земјоделки оставени без платено породилно отсуство;…
Во исто време имаме енормна инфлација и милијарда потрошени евра на увоз на храна од странство, која се продава во ланците супермаркети.
Бидејќи состојбите се веќе неодржливи за домашните земјоделци и нашето производство на храна, бараме итна оставка од министерот Цветан Трипуновски, стои во партиското соопштение од ЛЕВИЦА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e