Хоџа: Одлука за недела неработен ден на наредната владина седница

Очекуваме до наредната владина седница Министерството за труд и социјална политика (МТСП) да го достави предлогот за недела да биде неработен ден и Владата да донесе одлука, најави денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа.

-МТСП е задолжено од Владата да го достави предлогот за недела неработен ден и е во консултации со приватниот сектор, со коморите, а исто така и со ресорните министерства. Очекуваме консултациите да завршат набрзо и предлогот за недела неработен ден да биде на владината седница наредната недела. Штом предлогот биде доставен до Владата, ќе се разгледа и ќе се донесе одлука, рече Хоџа во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата..

Тој прецизира дека консултациите на МТСП со другите ресорни министерства, со приватниот сектор исо коморите се во тек.

-Ќе се земат предвид сите предлози, сите сугестии што доаѓаат од приватниот сектор, од коморите и предлогот ќе биде доставен до Владата. Знаеме дека е можеби неколку дена повеќе од тоа што беше предвидено, но очекуваме да имаме предлог кој ќе биде опфатен од сите страни – од приватниот сектор, од коморите, предлог што ќе биде за добро на граѓаните. Очекуваме тој предлог да биде доставен до Влада во текот на наредната седмица и да се донесе одлука, а за тоа истовремено и јавноста ќе биде информирана, посочи Хоџа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e