Груевски се спасува од обвинението за кинеските автопати

Со директна помош на Основниот суд Скопје 1, на избеганиот експремиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му застарува кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ во случајот „Траекторија“ од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за кое казната е до три години затвор.

Девет месеци судењето никако не почнуваше. Обвинението беше поднесено на 30 јуни 2017, а воведните зборови обвинителката Лиле Стефанова, поради блокадите што ги дозволуваше судијата, ги даде дури на 1 март 2018.

Вакви примери да не се дозволи 9 месеци да почне судење за организиран криминал, при обвинение во кое се тврди дека обвинетите ја оштетиле државата за 155 милиони евра, не само што не се забележани, туку и не се дозволени во земјите со владеење на правото, велат судии. Претседател на Основниот суд Скопје 1 во тој период беше врховниот судија Стојанче Рибарев. Првин, СЈО со месеци мака мачеше судот да му ги одобри поднесените 17 обвиненија на 30 јуни 2017. Обвинението за „Траекторија“ беше одобрено дури 5 месеци по поднесувањето. Тука за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластувањата, што е многу потешко дело од тоа на Груевски, обвинети се поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски. Груевски ќе се спаси, но на неговите соработници делата им застаруваат дури во 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e