Филипче: Дали тимот којшто покажа како се води држава во криза или ќе се вратиме назад во времето на репресија и на понижување?

Со громогласен аплауз и почит за сите здравствени работници кои се на првите борбени линии за време на корона кризата, започна обраќањето на Венко Филипче, претседател на комисијата за здравство на СДСМ , на централна трибина на коалицијата „Можеме“ во Скопје.

-„Се соочуваме со најголема здравствена криза во последните сто години. Гледавме страшни сценарија од Европа, од светот , па и од соседството, а последните информации говорат дека косовскиот здравствен систем е пред колапс.-истакна Филипче на почетокот од обраќањето.

-„Ама ние не видовме такви сценарија кај нас. Не видовме ниту преполни болници, ниту пациенти по ходници , ниту колони возила на итната медицинска помош. Не видовме затоа што реагиравме навремено. Ги следевме препораките на СЗО, ги опремивме болниците, направивме мобилна клиника, купивме заштитна опрема за здравствените работници, го надградивме системот за тестирање,тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи со што го прекинуваме ланецот на ширење на заразата.-истакна Филипче.

-„Бевме свесни дека граѓаните мора да ги знаат точните информации и да не оставаме простор за создавање на паника. А наспроти ова беше опозицијата која ширеше лажни вести, заплашуваше, се закануваше и шпекулираше за бројки на пациенти, за починати лица и тестови“.-посочи Филипче.

Тој додаде дека ваков деструктивен однос кон здравствениот систем опозицијата правеше цели 10 години, а нај разочарувачки е блокирањето на 33 милиони евра европски пари кои сега требаше веќе да бида вложени во подготовка на здравствениот систем за есенскиот период.

Изминатите три години направивме крупни промени во здравствениот систем. Инвестиравме во инфраструктурата, реновирани се над 40 одделенија во болниците, го решивме клиничкиот центар, нема веќе сообраќаен хаос, после 50 години е направен транспорт низ клиничкиот центар.

 

„Просечната плата на лекар специјалист сега е над 100 илјади денари, а беше 60 илјади. За само 2ипол години. За 25% зголемени платите на медицинските сестри. Секој млад лекар добива загарантирана платена работа во здравствен дом. Над 5000 согласности за вработување. Вработени се над 900 лекари. Над 1000 медицински сестри. Минатата недела, 68 лекари положија испит и добија лиценца за работа во лекарската комора. Пред 2 дена, 37 сакаат да работат во одделенијата со пациентите со ковид, другите во патронажните сервиси. Ниту еден не сака да замине.

 

 

Филипче зборуваше и за инвестициите во терапии, лекови меѓу кои и седум нови лекови за ретките болести, нова биолошка терапија за лицата со карцином, набавката на нови вакцини, инвестиции во нови методи како пресадување на коскена срцевина.

-„Инвестиравме и во знаењето на луѓето. И благодарение на тоа, пред 2 месеци во екот на кризата, за првпат се направи трансплантација на срце. Тој пациент е жив и здрав. И утре ќе си иде дома кај семејството. Да не се направеше тоа немаше да преживее“, изјави Филипче.

Покажавме дека здравствените работници се столбот на здравствениот систем, ама во оваа криза и на нашето општество. Покажаа како се одржува здравствениот систем, како се работи чесно, пожртвувано и како се чува државата.

На 15 јули вие ќе изберете кој ќе продолжи да ја води оваа држава. Дали тоа ќе биде тимот којшто покажа како се води држава во криза. Или ќе се вратиме назад во времето на репресија и на понижување.

Ако делите барем дел од ентузијазмот, вербата и желбата што јас вечерва ја чувствувам ние сме победници“, порача Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e