Фатиме побара присилно приведување за советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба, осомничен за насилствата во Општина Центар

Отсуство на обвинет го одложи „Насилство во Центар“ за 29 октомври.

Поради отсуство на обвинетиот Александар Трајковски судењето за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ е одложен за 29 октомври.

Обвинетиот до судот доставил поднесок со кој ги известува дека во тој период имал закажано седница на општина Гази Баба, во кој тој е советник.

aleksandar-trajkovski

На ова реагираше обвинителката Фатиме Фетаи која кажа дека причините за отсуство на Александар не се оправдани и се со цел да се одоговлечи судењето. Таа предложи судијата да нареди присилно приведување и тоа веднаш.

Адвокатот Боро Тасевски, пак, барањето на СЈО е неосновано бидејќи се работи за седница на чиј дневен ред се 12 точки што треба да ги гласаат советниците посебно, бидејќи во Советот на општина Гази Баба соодносот на политичките сили е таков што само со еден глас може да се донесе или укине некоја одлука.

Специјалната обвинителка Фетаи рече дека судијата треба да пресече што е поважно, седницата на Советот на општината или судењето што се води во моментов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e