Д-р Жан Митрев: Кај некои пациенти кај кои ситуацијата е многу влошена, не знам дали воопшто може да се помогне

Ако бројките вака растат, истакна тој, ако пациентите се во некоја многу понапредна состојба на болеста, незнам како ќе се помогне.

Најмладиот пациент кој ние го лекувавме како клиника „Жан Митрев“ е 23-годишно момче во тешка состојба. Многу од пациентите кои ги презедовме дојдоа од ГОБ „8-септември“ и од Инфективната клиника, истакна д-р Жан Митрев за емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

-Голем број од овие пациенти беа веќе на респиратори во други институции. Голем проблем претставува и суперинфекцијата кога пациентот подолго време е болен и шансите на него да се накалеми една болничка инфекција е многу полесно. Опоравањето кај овие пациенти е многу мачно и многу долго. Кај некои пациенти имаме веќе четврти и петти циклус на хемофилтрација- соопшти Митрев за пациентите кој што се наоѓаат во неговата клиника.

Ако бројките вака растат, истакна тој, ако пациентите се во некоја многу понапредна состојба на болеста, незнам како ќе се помогне.
-Кај некои пациенти кај кои ситуацијата е многу влошена, незнам длаи воопшто може да се помогне, така да, серизона е работата- вели д-р Митрев.

Тој како порака до сите граѓани рече дека е свесен дека сите сакаме да се дружиме, но дека треба да се дистанцираме од многу дружење, колку можеме, бидејќи тоа што го гледаме е многу сериозно.

Извор: Слободен печат 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e