Циклон од северозапад во четврток ни носи невреме

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност која од северозапад преку Алспкиот регион ќе ја зафати Македонија во Четврток на 4 Јуни 2026 ќе услови да имаме променливо облачно и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално атмосферските просеци ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

И во Скопје и околината во Четврток на 4 Јуни 2026 времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

Во Четврток на 4 Јуни 2026 исто така температурите на воздухот ќе опаднат и ќе имаме посвежо време со максимални дневни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени, додека во Скопје и околината максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 24 степени.

Да напоменам дека во првите денови од овој месец (Јуни)во Алпскиот регион поради присуство на ладен воздух од север и од северозапад повремено ќе има обилни врнежи од снег и таму ќе владее вистинска снежна идила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e