ЦЕНИТЕ ЗА РЕПРОМАТЕРИЈАЛИТЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО КАЈ СОСЕДИТЕ Е ЗА 200 ПРОЦЕНТИ ПОЕВТИНО ОТКОЛКУ КАЈ НАС Асоцијацијата на земјоделци не е задоволна од одлуката на МЗШВ

Бараме во истатата одлука да бидат внесени и сите заштитни репроматеријали од плевели и болести во земјоделието. Оттука бараме до МЗШВ и Инспекторатот да ги стави под контрола сите заштитни средства, исто така цените на репроматеријалите да бидат намалени  за 120 проценти, зошто наше мислење е дека сега има 200 проценти поскапување и разлика во цените“, изјави  Стојкоски за Зелена берза

Со реакција се јави и Асоцијацијата на земјоделци и фармери, чии претседател е Петре Стојкоски.

„Асоцијацијата на земјоделци и фармери не е задоволна од одлуката на Министерството за земјоделие за замрзнување на маржата на вештачките ѓубрива од 5 и 10 насто, бидејќи во овој момент ѓубривото ни е најмалку потребно (ѓубривата ни требаа повеќе наесен) и одлуката има времен карактер, со рок до крајот на мај. Според нас за да имаме вакви одлуки треба да има траен карактер. Бараме во истатата одлука да бидат внесени и сите заштитни репроматеријали од плевели и болести во земјоделието. Оттука бараме до МЗШВ и Инспекторатот да ги стави под контрола сите заштитни средства, исто така цените на репроматеријалите да бидат намалени  за 120 проценти, зошто наше мислење е дека сега има 200 проценти поскапување и разлика во цените“, изјави  Стојкоски за „Зелена берза“.

Според Стојкоски цената на репроматеријалите во земјоделието кај соседните држави е за 200 проценти поевтино отколку кај нас.

„Ако МЗШВ и Владата не можат да го исполнат и споведат ова наше барање тогаш да ни дадат слободен увоз на репроматеријали за заштита од плевели и болести. Со спроведување на ова наша барање ќе се намалат трошоците во земјоделието а ќе се зголеми довербата во иснституциите“, изјави Стојкоски за „Зелена берза“ .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e