Бундестаг: Безусловен почеток на преговори со С. Македонија, серија услови за Албанија

Во предлог-одлуката за Албанија, не само што се наведени серија услови за одржување на првата, а потоа и на втората меѓувладина конференција туку се вели дека при подоцнежен почеток на преговорите со Тирана во предвид ќе се земе и способноста за прием (на нови членки) на ЕУ. Во предлог-документот за С. Македонија нема таква реченица.
Споредбата на предлог-одлуките за Северна Македонија и за Албанија што вечерва треба ги донесе Бундестагот покажува дека кај владејачките партии во Германија постои согласност дека земјава безусловно треба да добие датум за почеток на преговори на Европскиот Совет на 17 и 18 октомври додека од Албанија, за старт на преговори, се бара завршување на серија задачи.

Во предлог-одлуката за С. Македонија пишува дека Бундестагот дава согласност за германската влада на следниот Европски Совет да биде „за“ отворање пристапни преговори со земјава. Притоа нема никакви дополнителни услови до почетокот на преговорите.

Бундестагот, според документот што се уште е во предлог-верзија, наведува седум услови што Албанија треба да ги исполни и пред втората пристапна (меѓувладина) конференција, на која би се отвориле првите поглавја: спроведување на реформата на изборното право, кривични пријави против судии и јавни обвинители за кои во ветинг-процесот се појавиле сомнежи за кривично делување, обвинителски и судски постапки за случаите на купување гласови на избори, залагање за специјална структрура за борба против корупција и организиран криминал, солиден напредок во создавањето успешен биланс на случаи на корупција и организиран криминал на сите нивоа, вклучувајќи и политичари и службеници од висок ранг.бтг

Прочитајте го целиот текст на 360 Степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e