Бугарското обвинителство ја заврши истрагата: Возачот е виновен за автобуската несреќа

Бугарското обвинителство ја заврши истрагата за автобуската несреќа на автопатот Струма во која загинаа 45 македонски државјани. Заменик главниот обвинител Борислав Сарафов за „БТВ“ изјавил дека причина, според истрагата, е губењето на контрола врз автобусот од страна на возачот и големата, несоодветна брзина. Заклучоците треба да бидат испратени до македонските власти, откако двете страни на денот на несреќата се договориле истрагата да ја води само бугарската страна.

Тој вели дека сега останува по судски пат да бидат известени роднините на загинатите, кои имаат право да се запознаат со материјалите од истрагата.

За автобусот се знаеше дека е стар 14 години, од кои две биле во сопственост на македонскиот превозник Беса транс, а последен пат поминал на технички преглед три месеци пред несреќата.

Во пожарот на автобусот загинаа 45 македонски државјани, меѓу кои и возачот, а седуммина преживеаја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e