Благајничката на Камчеви: Не го познавам Јовановски

Благајникот, овластено лице во Орка Холдинг и сите сметки на фамилијата Камчеви, Мирјана Бошковска сведочи во случајот „Рекет“ дека во декември на три пати извадила пари од приватните сметки на Ратка Камчева и Ана Камчева.

„Имам извадено пари во поголеми суми и во феруари месец од сметките на Кристина Камчева и Ратка Камчева. Во декември извадив пари и и ги дадов на госпоѓа Ана Камчева. Во февруари извадив 12 милиони денари од сметката на Кристина и 20 милиони од сметката на Ратка. Парите ги преброивме со Камчев и со обезбедувањето си заминавме“, рече Бошковска.

Благајничката на прашање на Сашо Дуковски, адвокат на обвинетиот Бојан Јовановски рече дека кога ги вадела парите во декември, била присутна и Ана Камчева, сопруга на Јордан Камчев, која претходно сведочеше, но дека не била присутна кога подигнала 5 милиони денари, исто така во декември.

Бошковска вели дека не го познава Бојан Јовановски – Боки 13 и дека не го видела во домот на Камчев кога ги броеле парите и направиле спецификација, ниту пак го видела кога си заминувала од неговиот дом.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e