Ахмети: Направивме многу со Заев, треба да продолжиме заедно

Aли Ахмети во интервју за „Euronews Albania“ бара лидерот на СДСМ Зоран Заев да им се извини на Албанците за објавените разговори кои протекоа во јавноста во кои, како што вели Ахмети, Заев рекол дека Албанците не вредат ни пет банки и дека тие се борат само за пари. Тој не смета дека коментарот на Заев се однесувал лично за него и за раководството на ДУИ.

„Јас би му простил и би побарал од членовите на ДУИ да му простат ако навредата е за ДУИ, ама таа не е за ДУИ, туку за Албанците. Мислам дека неговите соработници знаат како да го научат дека треба да се извини за да се олесни понатамошната комуникација, ние немаме никаква врска со СДСМ, во неколку наврати изјавив дека би било во наша корист партнерот да победи затоа што направивме многу одлична работа и сѐ уште имаме работа да направиме, а не да ги оставиме работите на половина пат”, рече Ахмети.

По објавувањето на „бомбата“ Заев на Фејсбук објасни дека во разговорот споменувајќи ги Албанците, мислел на ДУИ за кои и денес имал мислење дека не вредат ни пет банки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e