25 лица починаа од ковид-19

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица од коронавирус.

Црниот биланс по градови изнесува 4 починати лица од Скопје (53г, 64г, 84г и 85г), по две починати лица од Охрид (75г и 88г), Струга (71г и84г) и Кочани (67г и 79г) и по едно од Делчево (73г), Куманово (74г), Прилеп (70г) и Струмица (62г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 11 починати лица од: Скопје (2), Тетово (2), Кочани (2), Прилеп (1), Дојран (1), Кавадарци (1), Охрид (1) и Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 59 г. до 91г. Лицата за починати се пријавени во период од 30.01. до 12.02.2022. Од починатите лица, 7 се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 23 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 288.750, бројот на оздравени пациенти е 269.862, на починати е 8.793, а бројот на активни случаи изнесува 10.095.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e