Жерновски: Заев ни даде одлични сугестии и предлози за подобрување на работата на Општина Центар

“Особено драго ми е што денеска во Општина Центар не’ посети мојот драг пријател, претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Како човек со огромно искуство во локалната самоуправа и три успешни градоначалнички мандати, тој имаше одлични сугестии и предлози за подобрување на работата на Општина Центар. Го информирав за повеќе од 230 проекти на локално ниво, кои ги реализиравме и покрај сите притисоци и опструкции.
Разменивме мислења околу плановите на новата влада предводена од СДСМ за реформи во локалната самоуправа. Тие ќе бидат во интерес на граѓаните, преку поефикасно и потранспарентно работење на општините.” – напиша Жерновски по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e