Тркалезна маса на тема: „Улогата на Месните и Урбаните заедници во процесот на носење одлуки“

“На 24.03.2017г.(петок) со почеток во 11:00 часот во хотел Кратис-Кратово, ќе се одржи тркалезна маса на тема Улогата на Месните и Урбаните заедници во процесот на носење одлуки”.

На настанот се поканети: претставници од Министерството за локална самоуправа, Североисточниот плански регион, ЗЕЛС, претставници од Единиците на локална самоуправа, Советите на општините, од Центар за развој на локална демократија – Скопје, ЦСИД Форум – Скопје, претставници од Месните самоуправи од 5-те Општини кои беа опфатени со овој проект Кратово, Крива Паланка, Ранковци, Пробиштип и Старо Нагоричане, како и членови од цивилниот сектор кои работат на оваа тема.

Тркалезна маса ja организира Здружението “Регионален центар за одржлив развој” Кратово  во рамките на проектот Месните заедници-основна клетка во процесот на демократско одлучување, кој се имплементира од Август 2016 до Март 2017 година.

Основна цел на проектот е да се направи сондажа за нивото на функционалност и поставеност на облиците на месна самоуправа, да се зголеми и подобри степенот на проактивност и мобилност на месните и урбаните заедници како и да се зголеми учеството на граѓаните при носење одлуки на локално ниво.

Како очекувани резулати од имплементација на проектот се:

Да се зголеми и подобри видливоста во функционирањето на облиците на месните и урбаните заедници и нивно системско делување;

Да се промовираат облиците на учество на граѓаните во носењето на одлуки;

Да се зголеми вклученоста на граѓаните при изборот на приоритети во локалната заедниваца и развојот на ефективни стратегии на соработка;

Да се зголеми вклученоста на граѓаните во процесот на носење одлуки и

Да се зголеми отчетноста и транспарентноста на ЕЛС при трошењето на буџетски средства.

По завршување на конференцијата, ќе се креира сумарен извештај со заклучоци кој ќе биде доставен до сите заинтересирани страни во проектот и надлежни институции.” – стои во најавата од Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ – Кратово.

Во продолжение е целосната агенда за настанот:

10:45 – 11:00 Пристигање и регистрација на учесниците
11:00 – 11:10 Поздравно обраќање, воведен збор
Јане Вртески – Центар за развој на локална демократија – Скопје
11:10 – 11:20 Кратка презентација на проектот, резултати, очекувања од средбата
Борјанчо Мицевски – Регионален центар за одржлив развој Кратово
11:20 – 11:30 Вовед во темата „Улогата на месните самоуправи во процесот на
носење одлуки“
Јане Вртески – Центар за развој на локална демократија – Скопје
11:30 – 11:40 Како да се подобри соработката со месните самоуправи
Александар Писарев – Центар за стратегиски истражувања и
документација ФОРУМ – Скопје
11:40 – 11:50 Моќни Месни самоуправи – моќен регион
Младен Протиќ – Североисточен плански регион – Куманово
11:50 – 12:00 Законска рамка, можности за зголемување на надлежностите на МС
Љубомир Јанев – поранешен градоначалник и член на Управен одбор на ЗЕЛС
12:00 – 12:20 Учество на МЗ во креирањето на локалните програми и буџети
Градоначалници, претставници од ЕЛС, членови на општинските совети
12:20 – 13:00 Како да се подобри комуникацијата со Месните самоуправи?
Отворена дебата
13:00 – 13:10 Заклучоци и препораки, Јане Вртески – Центар за развој на локална демократија – Скопје
13:10 – 14:00 Коктел со закуска
14:00 – Заминување на учесниците

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e